Како да стекнете навика да останете хидрирани во текот на целиот ден?
29/06/2017
Голем број на луѓе поради презафатеност често не наоѓаат слободно време да одвојат за својот дневен оброк, а почесто да направат мала пауза за да се напијат вода поминувајќи часови и часови без да ја изнаснат својата жед.
Внесувањето на доволна количина на течности има свои поволности, па затоа ви издвоивме неколку едноставни начини како внесувањето течности да стане ваша секојдневна навика:
- Секогаш носете шише со вода со вас и ако работите во канцеларија секогаш имајте шише вода на вашата работна маса. Ако имате шише вода на дофат на рацете, многу веројатно е дека несвесно ќе консумирате течности без некој поголем напор.
- Кога ќе почувствувате вртоглавица или главоболка напијте се ладна вода. Истражувањата покажуваат дека луѓето веднаш се чувствуваат подобро по пиење вода.
- Консумирајте шолја млеко или чај секоја вечер. Внесувајќи течности навечер ќе додадете дополнителна течност на вашето тело и да не почувстувате хидрираност. Згора на тоа, овој релаксирачки ритуал е прекрасен начин да се намали стресот на крајот на денот.
- Јадете храна богата со витамини и течност. Со внесувањето на храна која содржи вода, како што се овошјето, зеленчукот, и јогуртот автоматски го регулирате нивото на внесени течности во текот на денот. Додека потребно е да избегнувате обработена храна, како на пример чипс, крекери и печива, кои содржат минимална содржина на вода.