Како да вежбате ако имате дијабетес?
29/06/2016

Постојат начини да вежбате и да останете во топ форма, а да не го загрозите вашето здравје.

Ако сакате да вежбате, дијабетесот не треба да ве спречува, бидејќи секоја физичка активност позитивно делува на здравјето, а исто толку важен е и социолошкиот аспект на тренингот – комуницирањето и дружењето со другите луѓе во теретаната.

Меѓутоа, ако боледувате од дијабетес тип 1 или 2, треба да внимавате на непостојаноста на нивото на шеќер во крвта, кое бргу може да опадне за време на вежбањето, а и неколку часа потоа.

Нестабилноста на нивото на шеќер во крвта може да доведе до хипогликемија. Затоа неопходно е редовно да ги примате лековите и да го тестирате нивото на глукоза пред и по тренингот.

За оптимални резултати, вежбајте во точно определен временски период за да имате доволно енергија за физички напор. Јадете оброк на база на јаглехидрати час или два пред тренингот.

Коментари