Како се одразува добрата и лоша апсорпција на храната врз организмот
26/06/2020

Процесот на спроведувањето на храната низ дигестивниот систем завршува со нејзина апсорпција преку цревната слузница во крвотокот, односно преминување на сите хранливи материи од храната до крвотокот и клетките. Добра апсорпцијата значи успешно разложување на хранливите материи во органите за варење. Добрата апсорпција на храна може да се поттикне токму со правилна храна, како со внесување на Баланс+ јогуртот кој содржи две пробиотски култури (LA5 и BB12) и олигофруктоза, која ги зајакнува добрите бактерии и го спречува развојот на штетни бактерии во стомакот. Научно е докажано дека влакната и пробиотиците му помагаат на организмот полесно да ги апсорбира хранливите материи и да одржува здрава цревна слузница.

Дигестивните органи или гастроинтестиналниот тракт го претвораат она што го јадеме и пиеме во енергија што му е потребна на телото за да расте и работи. Затоа е важно доброто апсорбирање на храната. Додека пак малапсорпцијата е синдром на недоволна апсорпција на едноставните хранливи материи, аминокиселини, масти, витамини или моносахариди, и ова предизвикува болест на мукозната мембрана на тенкото црево. Во третманот на синдром на малапсорпција, исхраната е најважна. Неопходно е да се примени соодветна диета која не вклучува храна што содржи глутен и исхрана базирана  на природни и сирови намирници.

Дигестивните ензими се клучни за подобра апсорпција на хранливи материи во цревата. Постојат голем број болести кои се поврзани со малапсорпција на хранливи материи поради недостаток на дигестивните ензими. Тие ја поддржуваат дигестивната функција, овозможуваат подобра апсорпција на хранливите материи од храната, ја одржуваат цревната чистота, спречуваат подуеност, а имаат позитивен ефект и врз здравјето на организмот воопшто.

Секоја храна содржи хранливи материи и има одредени хранливи вредности, сепак, сè додека ензимите не започнат со процесот на варење, хранливите материи се „заглавени“ и не се достапни за организмот да ги апсорбира.

Доколку се појават одредени дигестивни проблеми, веројатно на организмот му недостигаат специфичните ензими потребни за разградување на одредени хранливи материи. Најчестите симптоми на недостаток на дигестивен ензим се надуеност, болки во стомакот и замор. Покрај овие, вообичаени симптоми на недостаток на ензими се и киселини во желудникот, проблеми со тироидната жлезда, слабеење или паѓање на косата, сува или чувствителна кожа, слаба концентрација, утрински замор, проблеми со спиењето, артритис или болка во зглобовите, слабост во мускулите, промени во расположението, депресија или раздразливост, главоболки или мигрена.

Човечкото тело природно произведува дигестивни ензими, но некои ситуации може да доведат до недостаток на неопходните ензими.  Прво е недостаток на хранливи материи во храната што се консумира или приготвување на храната на температури над 40ºC при што се уништуваат природните ензими кои дејствуваат во координација со дигестивните ензими. Исто така, производство на ензими значително опаѓа со возраста.

Проблемот со недостаток на дигестивни ензими може да се спречи со соодветна исхрана и со промена на животните навики. Правилното функционирање на дигестивниот систем е клучно за нормално функционирање на целиот организам. Овој систем е особено загрозен од современиот животен стил, имајќи предвид дека забрзаниот ритам и обврските честопати ги спречува луѓето да се хранат редовно и квалитетно.

Затоа постојат и адекватна храна и пијалаци, како функционалниот јогурт со пробиотик Баланс+, кој не е наменет само за луѓе кои имаат проблеми со варењето, туку за сите што сакаат да бидат здрави и покрај брзото живеење и различните диети. Познато е дека стресот може да биде активатор за многу здравствени проблеми, а Баланс+ пробиотскиот јогурт, исто така, може да ги намали вознемиреноста и стресот, затоа што го зголемува присуството на добри бактерии во организмот.

Со консумирање на Баланс+ јогуртот секој ден со препорачана дневна доза од  500 грама, покрај тоа што имате можност за уживање во вкусен производ, во исто време се грижите за себе и за своето здравје.

Коментари