Велиме диета, затоа што освен подобрениот квалитет на сонот, на овој начин може и да ослабете неколку килограми.
Клучот е во зголемување на внесот на влакна и заборавање на слатките и заситените масти.
Ново истражување објавено во Journal of Clinical Sleep Medicine открило дека она што го јадеме има големо влијание врз квалитетот на спиењето.
Малото истражување вклучувало 26 доброволци (13 мажи, 13 жени), на просечна возраст од 35 години.
Секој од нив поминал 5 ноќи во лабораторија за спиење, спиејќи во просек по 7 часа и 35 минути секој ден. За време на првите четири дена од експериментот, начинот на исхрана им бил контролиран, а на петтиот ден сами бирале што да јадат.
Доброволците заспивале двапати побргу во деновите кога јаделе претходно избрана храна, за разлика од петтиот ден кога јаделе што сакале. Исхраната им била регулирана од нутриционист и била богата со протеини, но без заситени масти.
За време на 5-тиот ден, сонот им бил „кршлив“, односно шансите да се разбудат во текот на ноќта биле поголеми.
Иако е потребно пообемно истражување на темава, факт е дека исхраната богата со протеини, а со помалку заситени масти има позитивно влијание врз процесот на спиење.