Невидливите симптоми на стресот
29/06/2016

Стресот има долготрајно влијание врз нашето тело и ум, а не сме ни свесни за тоа бидејќи е станат интегрален дел од модерното постоење.

Главоболки за време на викенд

Овој симптом може да се спореди со разболување за време на годишниот одмор. Додека работите и мислите на сите обврски, како да не сакате да си дозволите да настинете. Но кога одите на одмор и го опуштите телото, болеста излегува на површина. Истото е и со главоболките за време на викенд, кога имате малку повеќе време за себеси.

Болка во вилицата

Болната и вкочанета вилица најчесто е последица од ноќно стискање на забите кое понекогаш се поврзува со нарушување што се нарекува бруксизам. Тоа е знак дека имате стрес што телото го „исфрла“ навечер. Во овој случај, препорачливо е да си набавите заштита за забите, односно навлаки кои се ставаат навечер (bite guard).

Кошмари

Кога сме вознемирени, често лошо спиеме и лошо сонуваме. Тоа е уште еден знак дека стресот влијае врз нас, а не сме ни свесни за тоа. Спијте најмалку седум часа и не легнувајте предоцна. Навечер избегнувајте кофеин, а пред спиење не се препорачува ни гледање ТВ или работа на компјутер.

Акни

Кожата често покажува кога некое време сме под стрес, а еден од тие показатели се акните, дури и ако немате проблематична кожа. Ако проблемот трае, посетете дерматолог, ако не, одберете линија за нега на лице која одговара на вашиот тип на кожа.

Засилени алергии

Анксиозноста ги засилува симптомите на алергии, бидејќи стресот го стимулира производството на протеини во крвта, кои се виновни за алергиските реакции.

Коментари