Одморете го организмот после празниците
17/01/2017

После обилните оброци на празничните трпези, време е да го одморите организмот од калоричната храна и полека да се вратите на лесните и здрави оброци.

Пожелно е да јадете почестo и во помали количини, и да внесувате повеќе течности како вода и незасладени чаеви. Зголемената активност е задолжителна.

За полесно да се навикнете на новиот и здрав режим на исхрана, треба да следите неколку лесни совети:

Организирајте си ги оброците според дневните обврски. Обидете се да јадете во правилни временски интервали, за да не поминат повеќе од 4 часа меѓу оброците.

Појадокот е задолжителен, но наместо пециво и лиснато тесто, јадете мусли со здрав јогурт.

Меѓу оброците јадете овошје или салата со лимонов сок и маслиново масло.

Ручекот започнете го со зеленчукова супа или чорба од житарици, кои понекогаш можат да бидат и целосен оброк. Јадете и посно месо и многу салати.

Наместо торти и колачи за десерт, изберете пита со јаболка.

Внесувајте доволно течности во текот на денот, и не заборавајте дека често жедта ја перцепираме како глад, па можеби се што ви треба е чаша вода.

На паузите од работа прошетајте се до најблискиот парк.

Коментари