Продолжуваме со предизвикот #НајдиБаланс!
21/07/2016

Направи ја твојата балансирана комбинација, сподели и победи! Големиот готвачки предизвик #НајдиБаланс се проширува и добива интересна апликација!

Правилата се следни: секоја недела им доделуваме награди на најдобрите тројца учесници чии комбинации ќе бидат најгласани преку #НајдиБаланс апликацијата.

^F63703BFFC3A08AD6E103E6FDC0DB6FE4756489E6A9DE5A1D5^pimgpsh_fullsize_distr

Ако во комбинациите го нема твоето омилено предјадење, главно јадење или десерт, го очекуваме твојот оригинален рецепт на Jademe.mk во категоријата Најди Баланс. На тој начин и твоето омилено јадење ќе биде дел од комбинациите! Принципот е едноставен, а од вас само се бара да се логирате на Jademe.mk со вашиот Фејсбук профил и да ни го испратите вашиот рецепт со кој вие го „пронаоѓате својот баланс“. Сето тоа треба да биде прегледно и прецизно внесено, а за визуелниот ефект да биде комплетен од вас очекуваме и ваша фотографија на специјалитетот.

Видеото од инструкциите за објава на рецепт можете да го видите тука.

Комбинирајте, споделувајте и влезете во трка за #НајдиБаланс награди, а во меѓувреме споделете го вашето кулинарско знаење со заедницата на Jademe.mk преку оригинални и вкусни рецепти.

Апликацијата може да ја најдете тука.

Коментари