„Штица“ – Вежба за целото тело!
29/06/2016
Штица или plank е најдобрата вежба која треба да ја правите секој ден. Ова е вежба која ги активира сите мускули на телото и топи најмногу масти.
Најважно од сè е што оваа вежба можете да ја правите било каде.
Треба да застанете на прсти од стопала и лакти.
Внимавајте абдоменот и колковите да ви бидат паралелни со подот, а не да ги кревате колковите и задникот премногу високо.
Држете ја оваа позиција колку што можете подолго.
Почнете со 20 секунди, а секој ден додавајте уште 10 секунди додека да стигнете до цели 3 минути.
Тонусот, енергијата и издржливоста на телото ќе ви се променат драстично!