Што да се јаде, кога да се јаде
29/06/2016

За сите вие кои одлучивте да почнете со вежбање и вашата цел е да бидете фит едно големо БРАВО! Нашето тело е храм и ако сакаме да бидеме здрави и убави треба да се однесуваме кон него со почит.

На сите ни е познато дека исрханата игра голема улога во нашето здравје особено кога спортуваме или вежбаме. Најчесто кога луѓето ќе почнат со поголема физичка активност имаат проблем да одржуваат и правилна диета а тоа води и до проблем со вежбањето. Постојат разни заблуди дека се додека сте физички активни не треба да се придржувате до одредени специјални правила за исхрана. Од големо значење е ако покрај себе имате личен иструктор и нутриционист кој ќе ви направи диета во согласност со вежбите и ќе ви ги објасни основите на добра и здрава исхрана.
Но, свесни сме дека не секој може да си дозволи или пак има време да се советува со нутриционисти, токму затоа ние ви подготвивме листа на оброци кои можете да ги конзумирате пред и по вежбање.

Пред
Исхраната пред вежбање е многу важна бидејќи телото мора да поседува доволно енергија, во спротивно само им наштетувате на мускулите и на работата на срцето. Јаглехидратите се одлични за периодите пред вежбањето, тие се како гориво за нашите тела. Вашата исхрана треба да биде различна во зависност од кој дел во денот вежбате и колкав временски период. Доколку вежбате наутро идеално е да појадувате два часа пред да влезете во теретана. Но, доколку немате време за целосен појадок а имате физичка активност помалку од еден час, тогаш и не морате да појадувате бидејќи телото во текот на ноќта создава доволно количество на гликоген (молекулот задолжен за складирање енергија) од вечерата.
Но важно е 30-40 минути потоа да имате здрав доручек, комбинација од јаглехидрати и протеини. Ако ја посетувате теретаната во попладневните часови тогаш храната која ја конзумирате во текот на денот треба да биде внимателно одбрана и избалансирана.
За време на вежбањето никако не смее да заборавите да внесувате вода во мали количества. А доколку истото трае повеќе од еден час, препорачливо е да правите мали паузи за ужина. Тоа може да биде повторно овошје (грозје, малини, брусница) енергетски барови или смути. Целта на ова не е да се замени секоја калорија која ја согорувате, туку едноставно да имате доволно енергија и да го одржувате вашиот метаболизам.

После вежбање
Повторно јаглехидрати но и значителна доза на протеини. Но внимавајте секогаш да јадете набрзо по завршувањето на физичката активност. Периодот од 20 до 60 минути после вежбање е идеален за протеински оброк бидејќи во тој временски период мускулите се спремни да ги примат јаглехидратите и да складираат енергија и протеините кои ќе ги нахранат и зацврснат стомачните мускули кои толку многу ги посакувате. Доколку го пропуштите овој оброк не само што ќе се чувствувате исцрпено во остатокот од денот, можно е да немате енергија ни наредениот ден.
Не секогаш ќе бидете во можност да подготвите правилен оброк веднаш по вежбањето, затоа е добро понекогаш однапред да ја припремите храната и да ја оставите во вашиот автомобил или во ранецот со опрема. Одличен начин да не го пропуштате овој многу важен оброк од денот е да имате пакување Fit крем јогурт (препорачливо е Fit со мед и ореви поради поголемото количество на јагленихидрати) секогаш кога одите на вежбање, или едноставно да го купите од најблиската продавница веднаш по вежбање.
Појадок:
Овошје. Конзумирање на овошје веднаш штом ќе се расоните е одлично за организмот бидејќи ги внесувате потребните витамини, минерали и количество на вода и со тоа му овозможувате на метаболизмот да работи правилно.
Интегрален појадок. Веќе знаете дека интегралните пецива се многу подобар избор отколку обичниот бел леб. Ставете на тост 2-3 парчиња интегрален леб и комбинирајте го со путер од кикирики. Освежете се и со свежо цеден сок од портокал.

Ручек
Сендвич со мисиркино месо, зеленчук и парче овошје
Паста со прелив од крем јогурт
Салата со печено пилешко месо
Ова се некои од основните правила поставени од врвни светски нутриционости. Секако, сите тие се сложуваат дека секој од нас има потреба од индивидуална диета која најмногу ќе одоговара со целта која сакаме да ја постигнеме.
Запомнете – балансираната исхрана и правилната физичка активност се одличен начин за оддржување на здрав живот.