Моќниот одбранбен систем на организмот, силниот имунитет е првата и најефективна пречка за вирусите, бактериите и настинките.
Здравиот имун систем го спречува нивното влегување во организмот и опструирање на сите животни процеси, а доколку вирус сепак го нападне организмот, имунитетот помага подобро да се избори со вирозата.
Затоа неопходно е имунитетот да се гради и зајакнува. Но, во овој процес не се само суплементите начин за зајакнување на имунитетот. Силен одбранбен механизам на организмот се постигнува и со квалитетна, избалансирана исхрана.
Витамините и минералите потребни за здрав и силен организам ги има во голем број овошја, зеленчуци, мешункасти плодови, јаткасти и слично.
Но, точно селектирани и дозирани состојки кои наменски и таргетирано влијаат врз имунитетот има во извесни производи, чија функција е преку консумирање храна да се внесуваат состојки што го јакнат и имунитетот.
Таков производ е новиот функционален јогурт Баланс+ Имуно, којшто со својот состав влијае на имуниот систем.
Овој јогурт содржи природна и единствена формула што го издвојува од другите функционални и млечни производи. Во неговиот состав се издвојуваат HN019 и NCFM – природните култури чиј позитивен ефект на јакнење на имунитетот е докажан со голем број клинички студии.
На тоа се надоврзува и присуството на комплексот од 3 витамини, Д3, Б6 и Б12 кои, исто така, имаат важна улога во правилната функција и силниот имунитет и природното влакно инулин.
Со ваквиот состав, посебен вид култура, влакна и витамини, придобивките од консумирање Баланс+ Имуно јогуртот се одразуваат на нормалната функција на имуниот систем, создавање силен имун систем и добро варење, нешто што го нема ни еден друг производ.
Во користењето балансирана и разновидна храна како извор на витамини и минерали потребни за имунитетот, важно е да постои континуитет во консумирањето, со цел да се постигне саканиот ефект.