Не е случајност тоа што повеќето од нас не можат да си го замислат вежбањето без музика. Научно е докажано дека музиката го подобрува ефектот, мотивацијата и помага бргу да заборавите на болката во мускулите.
Доктор Костас Карагорџис, спортски психолог од Лондон и автор на книгата „Примена на музиката во вежбањето и спортот“ ја посветил кариерата на истражувањето на ефектот на музиката врз вежбањето.
„Музиката може да има темелен ефект на нашата емоционална состојба и секој аспект од музиката има свој удел – текстот, темпото и ритамот“, изјавил тој.
Култен пример за тоа е песната „Eye of the Tiger“ од филмот „Роки“.
Истражувањата покажуваат дека слушањето на песна која совршено се вклопува со одреден вид тренинг ја зголемува мотивацијата повеќе дури и од енергетски пијалак.
Ова се некои од песните кои предлагаме да се најдат на вашата плејлиста за вежбање:
Foo Fighters – Everlong
R. Kelly The World’s Greatest
We Are Young – Fun
Runnin’ (Lose It All) Naughty Boy feat. Beyonce and Arrow Benjamin
One Way or Another – Blondie
Run with the Wolves – Prodigy
Power – Kanye West