Топ 5 намирници за маски за коса
24/03/2017

Домашните маски за коса, не само што се поекономични, туку и поздрави за скалпот и за вашата кожа. Еве неколку намирници кои можеме да ги употребиме за да направиме маска за коса.

Маслиново масло – Ја хидрира косата и делува како балсам. Маслиновото масло е идеално за сува и оштетена коса.

Млеко – Млекото ја омекнува косата и му дава природен изглед.

Лимон – Ги затвара порите на скалпот, со што се отстранува вишокот масло. Исто така, лимонот природно ја осветлува косата, затоа користете го лимонот со доволно количество на вода.

Кокосово масло – Природен кондиционер кој ја прави косата помека и посјајна.

Јаболкова киселина – Го отстранува вишокот на масло кој го создава скалпот и го чисти и ослободува скалпот од чешање.

Авокадо – Авокадото се користи за сува коса, ја хидрира и ја обновува.

Јајца – Јајцата се богати со витамини кои и се потребни на косата. Го поттикнува нејзиниот раст, ја штити од кинење и распукани врвови, и дава сјаен изглед.