Управување со стресот
20/10/2016

Што се случува кога сте под стрес?

Стресот е тоа што го чувствуваме кога имаме многу обврски, а малку време. Нашето тело тоа го перцепира како опасност. Ги стимулира хормоните да се излачуваат повеќе од вообичаено и со тоа се забрзува работата на срцето, се забрзува дишењето и имаме чувство како нашето тело е под притисок и раздразнето.

Стресот понекогаш е нормален па дури и корисен кога треба да реагираме брзо во дадена ситуација или да сработиме некоја работа за која имаме поставено рок. Но, ако често се случува да сме под стрес и ако трае предолго, може да има лоши последици и ефекти врз нашето здравје.

Тогаш се случува да имаме главоболки, вознемирен стомак, болки во грбот и проблеми со спиењето. Може да го ослаби нашиот имунитет и да го отежни заздравувањето од некоја болест. Исто така влијае многу врз расположението, не прави напнати или депресивни.

Дали има начин да се ослободите од стресот?

Добрите вести се дека има решение за тоа како да се справуваме со него:
-Прво најдете ја причината што го предизвикала стресот
-Барајте начини да се ослободите од стресот
-Стекнете здрави навики

Понекогаш точно се знае од каде доаѓа стресот. Тоа може да бидат неколку примери: Губење на близок, преселување, нова работа, бременост или било која поголема животна промена. Но, понекогаш не може да се пронајде точниот извор од каде произлегува стресот.
Затоа, најдобро е да водите дневник и да ја запишувате секоја промена што се случува околу вас и ве растревожува. Со секојдневно следење на стресот може да се открие од каде доаѓа.

Како да избегнете стрес?

Најдете начин да го изменаџирате времето. Можете да направите повеќе работи со помалку стрес ако имате добар распоред на време. Прво завршете ги обврските кој ви се со повеќе приоритет.

Најдете свој индивидуален начин за справување со стресот така што ќе испробувате нови работи секој ден. Пробајте да ги „запрете мислите” додека одмарате, да се релаксирате, научете да кажете НЕ. Искажете го својот став. Неможноста да зборувате за вашите потреби придонесува дополнителен стрес. Побарајте помош од поблиските луѓе во вашиот живот.

Понекогаш стресот е премногу голем за да можете сами да се справите со него. Одморајте често, јадете здраво, не конзумирајте алкохол и немојте да пушите. Овие навики придонесуваат за развиток на стресот.

Како да го намалите стресот?

-Вежбајте. Регуларното вежбање е еден од најдобрите начини да го намалите стресот. Почнете со пешачење.
-Пишувајте. Така се ослободува вишокот на негативна енергија која ве измачува.
-Пуштете ги емоциите да излезат од вас. Зборувајте, смејте се, плачете, изразувајте дури и бес кога е потребно пред некој на кого му верувате.
-Правете го она што ве исполнува. Научете вежби со дишење, вежбајте за опуштање на мускулите, јога, практикувајте масажи.
-Фокусирајте се на сегашноста, слушајте релаксирачка музика и не се поставувајте премногу сериозно спрема животот. Смеењето навистина може да биде најдобриот лекар.

Коментари