n Утринска рутина што ќе ве наполни со енергија - Balansplus.mk
Утринска рутина што ќе ве наполни со енергија
09/02/2017

Ако наутро се мачите со будењето и потребно ви е јако кафе за да функционирате, експертите советуваат друг поефикасен начин што ќе ви одземе само 90 секунди.

Повеќето луѓе наутро се тушираат погрешно.

Топлата вода дополнително го забавува организмот, дури и ако од туш-кабината излезете во поладна просторија.

Наместо тоа, треба 30 секунди да се туширате со ладна вода, потоа 30 секунди со топла, и повторно 30 секунди со ладна.

Иако можеби нема да ви биде многу пријатно, комбинацијата од топло и ладно туширање ги отвора капиларите и ја подобрува циркулацијата, а сето тоа го стимулира телото и мозокот.

Исто така, на овој начин се намалува стресот и се зајакнува имунитетот.

Коментари