Зошто јогуртот со пробиотици e толку потребен во летните месеци
07/08/2023

Разновидна и балансирана исхрана е формулата за здрав живот и за регулирање на процесите во организмот. Во зависност од тоа како и со што се храниме, така и се чувствуваме. Исхраната и сето она што како намирница го внесуваме во организмот влијае на виталноста на организмот, на енергичноста, на нивото на расположение, на способноста да се справиме со стресот и секојдневните предизвици и воопшто на добрата психофизичка состојба. Така, со откривањето на моќта на исхраната се развиваат производи кои покрај хранливата имаат и здравствена функција, а тоа е функционалната храна.

Најчестата состојка во функционалната храна и воедно најраспространета се пробиотиците, и тоа заради нивната способност да воспостават рамнотежа во дигестивниот систем и да ги регулираат процесот на варење на храната, а преку тоа и на сите останати процеси во организмот. Токму поради ваквите карактеристики и улогата на пробиотиците, се повеќе се препорачуваат и од докторите и од нутриционистите.

Постоењето и препораките за функционалната храна е доказ дека внесувањето пробиотици и пробиотски култури е многу поефикасно кога се дел од исхраната, а една од најдобрите комбинации на пробиотски култури е таканаречениот комплекс Bifido Digestio. Оваа формула ги содржи двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus (LA) и Bifidobacterium (BB) и уште пребиотикот олигофруктоза, наменета е за добро дигестивно здравје и за постигнување баланс во организмот, а е застапена во јогуртот Баланс+.

Делува така што пробиотиците создаваат баланс во дигестивниот систем и на тој начин ја подобруваат неговата работа и ги олеснуваат проблемите во дигестивниот тракт, а пребиотикот олигофруктоза како храна за пробиотиците го засилува нивното дејство и функцијата во борбата против лошите бактерии.

За користа од консумирање Баланс+ сведочат и заклучоците од клиничката студија. Имено единствено за овој јогурт е направено ова клиничко испитување со кое што се следат ефектите што ги има врз организмот. Според оваа студија по само 10 дена редовно внесување Баланс+ во исхраната по 500 грама, наеднаш или поделено во два оброка, работата на целиот дигестивен систем се регулира.

Пробиотиците се решение за многу тегоби во дигестивниот систем, ја штитат цревна микрофлора и ја регулираат апсорпцијата на хранливи материи. На овие придобивки се надоврзуваат и оние што произлегуваат од составот на Баланс+, протеини, калциум и витамини. Сето тоа придонесува со редовно консумирање на Баланс+ да го имате најсилниот сојузник на доброто варење и рамнотежата во организмот.