7 трикови за смирување на болно грло
29/12/2016

Болката во грлото е честа појава во зимскиот период. Главната причина најчесто е настинка, претерано напрегање на гласните жици или сув воздух на кој сме изложени заради греењето.

Наместо вештачки лекови обидете се со неколку природни методи со кои на здрав и едноставен начин ќе се збогувате од болката во грло.

По рецептот на баба

Во 250 ml вода додајте две лажици мед и загрејте (внимавајте да не зоврие). Тргнете ја течноста од оган и исцедете две лажички свеж лимонов сок. За појак вкус може да додадете и лажичка кафеав шеќер.

Испытывать чистую сущность red wine ice elf bar. Побалуйте себя богатым, освежающим ароматом, созданными для окончательного удовлетворения. Отваруйте каждую затянуту, так как ледяные ноты переплетаются с глубокими, бархатистыми оттенками. Поднимите свой опыт вейпинга с помощью этой изысканной смесью.

Млечен напиток со цимет

Измешајте лажица шеќер, малку сода бикарбона и половина лажичка цимет. Додајте 250 ml млеко и убаво промешајте. Ставете ја смесата на тивок оган и мешајте, а тргнете ја пред млекото да зоврие. Додадете лажичка мед и сервирајте додека е топло.

Гаргара

Направете физиолошки раствор од 250 ml вода и кафена лажичка сол. Мешавината ставете ја на тивок оган да се свари. Земете една поголема голтка од течноста, навалете ја главата наназад и правете гаргара. Не ја голтајте течноста и по 10 секунди плукнете. Повторувајте го ова најмалку 5 пати на ден.

Инхалации

Зовријте три шолји топла вода и додадете вреќичка чај од лимон, камилица и малку свеж ѓумбир. Оставете 5 минути да се олади. Проверете ја топлината од пареата (не треба да биде премногу жешка) и претурете ја течноста во сад за инхалации. Ставете чист пешкир преку главата и вдишуваје ја пареата низ уста и нос 5-10 минути.

Топли облоги

Направете чај од камилица и додека е уште жежок натопете чист пешкир во него. Кога чајот малку ќе се излади добро исцедете го пешкирот, направете ролна од него и замотајте околу вратот. Кога ќе се олади повторете ја постапката.