n Факти кои ќе го променат начинот на кој гледате на протеините - Balansplus.mk
Факти кои ќе го променат начинот на кој гледате на протеините
29/06/2016
  1. Покрај водата, протеините се најзастапената материја во нашите тела. Просечната возрасна жена треба да внесува 46 грама протеини на ден, а просечниот возрасен маж 56 грама на ден. Ова може да зависи од личноста, така што консултирајте се со нутриционист кој ќе утврди колку протеини ви се потребни според вашиот животен стил.
  2. Протеините имаат термички ефект врз телото затоа што им треба подолго време да се сварат. Тоа значи дека до 30% од калориите кои се внесени преку протеини се согоруваат додека вашиот организам ги обработува.
  3. Протеините го балансираат нивото на шеќер во крвта
  4. Внесувањето на протеини по вежбање, го намалува оштетувањето на мускулите и ја зголемува мускулната маса
  5. Растителните диети можат да имаат доволно протеини, доколку се внесуваат мешавини на зрнест зеленчук, мешунки и житарици. Овие не треба да се консумираат заедно во еден оброк, а вашето тело ќе ги комбинира како што ги јадете во текот на денот.
  6. Сувите кајсии и авокадото имаат највисоко ниво на протеини
  7. Од зеленчуците најдобар избор се грашокот, спанаќот и брокулите
  8. Внесувањето на протеини секогаш делува позитивно на вашето тело, но треба подеднакво да ги внесувате во текот на денот. Тоа значи дека житарки само за доручек не е решение. Пробајте да внесувате барем 10 грама протеини преку јајца, крем јогурт, јатки или житарки за добро да го започнете денот.