n Како да се забрза метаболизмот со промена на навиките - Balansplus.mk
пробиотици
Како да се забрза метаболизмот со промена на навиките
09/06/2020

Здравите навики кои го поттикнуваат метаболизмот претставуваат златни правила за продуктивните процеси што се случуваат во организмот.

Покрај подобрувањето на метаболизмот, ваквите навики предизвикуваат да се чувствувате поопуштено, поубаво, посвежо и поодморено.

Метаболизмот значително може да се подобри следејќи неколку совети и менување на дневните рутини во исхраната.

#1 Не го занемарувајте ноќниот сон

Спиењето е неопходно за нормално функционирање на организмот, и не смее да се игнорира не само за нормален метаболизам туку и за сите психофизички процеси. Заменувањето на ноќниот одмор со дневна дремка го нарушува нормалниот 24-часовен ритам и воопшто биоритамот на телото.

Одличен пример за тоа колку е важно ноќното спиење за добар метаболизам се патувањата, за време на кои, заради долгите летови и промените во временските зони, се губи квалитетниот ноќен сон, па заморот и исцрпеноста се неизбежни.

Доколку, покрај тоа, следат нездрави оброци, кои се консумираат од ден на ден, организмот дефинитивно ќе реагира.

#2 Регулирање на исхраната со повеќе мали оброци

Балансираната исхрана е еден од најважните фактори за регулирање на метаболизмот. На метаболичките процеси, т.е. анаболизам и катаболизам, потребна им е енергија што организмот ја добива преку храната.

Во недостаток на храна, овие процеси претходно добиените калории ги складираат, за телото да има „гориво“ и на овој начин, се создаваат несаканите вишок маснотии.

Затоа, потребно е во дневниот распоред, да се воведат помеѓу 4 и 6 помали, правилно распределени оброци што ќе дадат чувство на ситост, и ќе го активираат метаболизмот со нова енергија од храната.

Важно е овие оброци да бидат богати со протеини кои во голема мера придонесуваат за чувството на ситост и да се регулира внесот на јаглени хидрати, кои не се забранети, но бараат големо ограничување во однос на внесената количина.

Најобилен оброк треба да биде појадокот, кој никогаш не треба да се прескокнува затоа што ги обезбедува „батериите“ потребни за целиот ден, и уште калориите најмногу се трошат наутро.

Важно е во тој главен оброк да се вклучи Баланс + јогурт, кој со своите својства значително придонесува за нормализирање на метаболизмот доколку се консумира дневно.

#3 Физичката активност е предуслов за брз метаболизам

Без физичка активност не може да се забрза метаболизмот. Физичката активност е одличен стимул за слабеење и за забрзување на метаболизмот и има ефекти само доколку е редовна, а придружена со строга контрола на квалитетната исхрана.

Четири часа неделно за квалитетен тренинг, џогирање или пливање, примена на совети во врска со исхраната и доволно сон, ќе ја предизвикаат саканата промена

#4 Поттикнете го забрзувањето на метаболизмот со вода

Водата е од големо значење за секој телесен процес и може да се каже дека е иницијатор на многу од нив. Без доволно вода дневно, телото станува побавно, а тоа се рефлектира во намаленото согорување на калории за дури 2% во споредба со нормалните услови.

А некои студии покажуваат дека еден литар вода го забрзува метаболизмот за 10 до 30 проценти во следниот час. Покрај тоа што влијае на метаболизмот, водата е одлична и за кожата како и за општата психофизичка здравствена состојба.

#5 Не го нарушувајте брзиот метаболизам со стрес

Стресот е причина за многу болести, а меѓу другото, доведува до забавување на метаболизмот. Иако стресот е речиси невозможно да се избегне, важно е да го одржувате на минимум, и да правите неколку работи што ве опуштаат и смируваат.

Слушање музика, тренинг, масажи, некое хоби, сето тоа помага за релаксирање.