n Како вежбањето ви заштедува пари? - Balansplus.mk
Како вежбањето ви заштедува пари?
19/09/2016

Сите знаеме дека вежбањето е добро за здравјето. Но знаете дека оваа активност е добра и за вашиот паричник?

Членарините за теретаните и различните клубови и спортови кои поттикнуваат физичка активност можат да бидат прилично скапи и понекогаш ни се чини дека едноставно не се исплатат.

Но ново истражување покажува дека долгорочното вежбање всушност може да ви заштеди пари.

Истражувачите анализирале податоци од 26 илјади субјекти кои имале различно ниво на физичка подготвеност.

Резултатите покажале дека субјектите со срцеви проблеми кои редовно вежбале, успеале да заштедат 2.500 долар годишно на болнички сметки. Дури и оние без срцеви проблеми и здравствени ризици заштедувале просечно по 500 долари.

Коментари