n Кефир коктел за слабеење - Balansplus.mk
Кефир коктел за слабеење
29/06/2016

По едномесечно конзумирање на овој напиток, ќе изгубите три до пет килограми, и тоа прво околу стомакот.

За вишокот килограми околу стомакот најчесто се виновни „мрзливите“ црева кои го спречуваат согорувањето на масните наслаги и елиминацијата на нечистотиите од организмот. Нутриционистите велат дека за тоа постои решение, и тоа многу едноставно.

Одговорот лежи во здрав коктел кој би требало да го замени појадокот, а се подготвува брзо и лесно.

Потребно е секоја вечер шест суви сливи да преливате со 100 милилитри зовриена вода, да ги покриете и да ги оставите 10 минути да отстојат.

За тоа време во чинијата додадете две супени лажици овесни снегулки, каша од мелено ленено семе и исо толку какао.

Прелијте со 300 милилитри кефир и добро измешајте. Сливите ситно исечкајте ги и додадете ги во претходната смеса, а потоа коктелот оставете го во фрижидер преку ноќ, и утрината испијте го на празен стомак.

По еден месец конзумирање на овој напиток, не само што ќе ослабете, туку ќе ви се подобри и тенот, косата и ноктите.

Коментари