n Клиничка студија за позитивното влијание на јогуртот Balans+ врз пациентите - Balansplus.mk
Клиничка студија за позитивното влијание на јогуртот Balans+ врз пациентите
27/01/2023

СОДРЖИНА

Зошто е спроведена клиничката студија за примена на јогуртот Balans+?

Методи на клиничката студија – вака КБЦ „Бежанијска коса“ го докажа позитивното дејство

Резултати од клиничката студија – како јогуртот влијаел врз пациентите?

Значење на клиничката студија

Клинички докажаните позитивни својства на производите кои ги консумираме претставуваат значајна гаранција дека правиме нешто навистина добро за својот организам. За жал, таквите производи се малку, па затоа свеста за постоењето и изборот на оние најквалитетни, клинички испитани намирници е исклучиво важна во услови на разновидна, но не нужно и квалитетна понуда на прехранбени производи.

Пробиотскиот ферментиран јогурт Balans+ повеќе од една деценија се издвојува како единствен клинички испитан јогурт на пазарот, а клиничката студија спроведена во 2009 година покажа дека јогуртот поседува многу здравствени придобивки поради што стана повеќе од обичен додаток за здрав појадок.

Омилениот јогурт Balans+ со години представува вкусен дел од секој оброк и ужина на нашите потрошувачи, со низа корисни, клинички испитани дејства кои поттикнуваат нормално варење и нива други процеси во организмот.

Дознајте како течеше клиничката студија која го направи овој јогурт единствен од најбараните млечни производи на пазарот и зошто поддржувачите на здрав живот го консумираат на секојдневно ниво.

Зошто е спроведена клиничката студија за примена на јогуртот Balans+?

Пробиотскиот јогурт Balans+ содржи комбинација од две пробиотски култури (Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12) со пребиотикот олигофруктоза, обединети во комплексот Bifido Digestio.

Целта на клиничката студија, спроведена во 2009 година во периодот од месец јануари до месец април во КБЦ „Бежансијка коса“, беше да се утврди делувањето на оваа формула кај пациенти со функционални нарушувања на системот за варење кај кои се исклучени тешки придружни болести.

Покрај тоа, редовното консумирање на нашиот пробиотски јогурт позитивно делуваше и на симптомите на депресија кај испитаниците, кои се ублажиле во значајна мерка по овој период.

Слични клинички студии на странски клиники

Силен мотив за оваа клиничка студија беа и веќе спроведените слични студии во Соединетите Американски Држави, Шведска, Швајцарија, Франција, Египет и уште неколку други земји.

Целта на студиите на странските клиники во овие земји била да се испита дејството на споменатиот комплекс Bifido Digestio на геријатриски и неподвижни пациенти со констипација, пациенти на интензивна антибиотска терапија кај кои се појавиле несакани дејства и пациенти со патничка дијареја.

Студијата опфаќала и пациенти со улцерозен колитис кај кои е направена проктоколектомија и пациенти со зголеми вредности на холестерол, а резултатите го потврдија позитивното дејство на комплексот Bifido Digestio, кој е главен предмет на студијата.

 

Методи на клиничката студија – вака КБЦ Бежанијска коса го докажа позитивното дејство

Во шеесетдневната клиничка студија спроведена во КБЦ „Бежанијска коса“ беа вклучени 50 пациенти на старост од 18 до 75 години.

Пациентите се вклучени во студијата согласно критериумот функционални нарушувања на дигестивниот систем кои се манифестирале со надуеност и болка во стомакот. Фактор на исклучување беа нарушувања на дигестивниот тракт од органско потекло, како и лица со слични проблеми кои се лечени и од други, потешки болести.

Секојдневно консумирање на јогуртот со редовни прегледи и консултации

Пациентите кои ја сочинуваат целната група на нашата клиничка студија на дневно ниво консумираа 500g од пробиотскиот ферментиран млечен производ Balans+, кој беше поделен на две дози.

Воедно ова е дневната количина која се препорачува на сите потрошувачи на нашиот јогурт за неговите својства оптимално да се манифестираат и да делуваат на организмот на очекуван начин.

Со цел детално следење на промените на состојбата на пациентите, се правеа редовни прегледи почнувајќи од нулта денот, кога се спроведени интернистички прегледи, и направена им е комплетна крвна слика, како и биохемиска анализа.

Покрај тоа, направена е и стандардна здравствена анкета, како и Бекова анкета за депресија, додека сите други помошни лековите средства се исклучени од терапијата на пациентите во текот на траењето на оваа студија. Во текот на 14 посети кои се направени во текот на времетраењето на клиничката студија, направени се вкупно 14 посети во текот на кои пациентите ги истражувале евентуалните несакани ефекти или тегоби.

Резултати од клиничката студија – како јогуртот влијаел врз пациентите?

Дека клиничката студија е успешна, како за самите пациенти така и за нашиот јогурт Balans+, покажаа и повеќе од успешните резултати кои се точни измерени.

Клиничката студија потврдила дека јогуртот Balans+ успешно го регулира варењето и тоа само по 10 дена употреба. Тоа го покажа анализа на податоци кои се однесуваат на најраниот период од клиничката студија, а позитивните промени останаа без осцилација до крајот на студијата.

По сите 60 дена од клиничката студија, утврдено е подобрување на состојбата од 37% до 72% од пациентите. Кај 72% од пациентите е забележана нормализација на конзистенцијата на столицата.

Чувството на надуеност е еден од поголемите проблеми кога станува збор за проблеми со дигестивниот тракт, а редовното консумирање на јогуртот Balans+ во текот на клиничката студија довело до исчезнување на ова непријатно чувство кај 37% од пациентите.

Други позитивни ефекти од редовна консумација

Освен што довела до значајно подобрување кога станува збор за проблемите со дигестивниот тракт, редовната консумацијата на пробиотскиот јогурт Balans+ допринела и кон другите аспекти од здравјето и доброто чувствување на пациентите.

На крајот на клиничката студија утврдено е дека постои значајна разлика во BMI (body mass index) на последниот во однос на првиот ден од студијата, а утврдена е и разлика во процентот на телесни масти кои се намалени и количеството телесна вода која е зголемена.

Консумирањето на јогуртот позитивно се одразило и на скалата на депресија, а промената се рефлектирала и во подобрувањето на состојбата на Бековата скала на депресија и тоа за еден степен. Пациентите кои на почетокот на клиничката студија биле благо депресивни, на крајот од студијата ги немале овие симптоми, додека лицата кои биле умерено депресивни на крајот од студијата биле благо депресивни.

Значење на клиничката студија

Исклучително големото значење на оваа студија се рефлектира во клиничката потврда за позитивен придонес на јогуртот Balans+ кон здравјето и расположението, а пред сé здрав и функционален дигестивен тракт со кој нашите испитаници имале проблем.

За тоа колку е позитивен придонесот на јогуртот за состојбата на пациентите говори и фактот дека во текот на целата клиничка студија немаше негативни ефекти или несакани промени во состојбата или однесувањето на пациентите, поради што јогуртот се препорачува како намирница погодна за секој кој сака квалитетен и вкусен пијалак со оброк.

Balans+ единствен клинички испитан јогурт на пазарот

Најголема важност од спроведување на клиничката студија лежи во фактот дека Balans+ е единствениот клинички испитан јогурт на пазарот, што претставува сигурност за неговиот квалитет и придонес кон здравјето и целокупното добро чувствување во текот на денот.

Со самото тоа, со избирање на овој јогурт избирате и пијалак кои не само што го до дополни вкусниот оброк туку и позитивно ќе влијае врз вашиот метаболизам, проблемите со варењето и расположението.

Многу млечни производи на пазарот се вкусни и пристапни, но само еден е вкусен, пристапен и клинички докажан здрав за Ваш и Вашето семејство! Дозволете си себеси 500g од јогурот Balans+ секој ден, што е оптимална количина од овој пијалак, а која обезбедува бројни здравствени придобивки.

 

 

Коментари