n Навики што го штитат здравјето и дигестивниот систем - Balansplus.mk
Навики што го штитат здравјето и дигестивниот систем
02/11/2021

Лошото варење е симптом на современиот човек, а разните болести на дигестивниот систем се само една од многуте здравствени состојби што може да ги предизвика. Се манифестира на различни начини а во голема мера влијае на рамнотежата и состојбата на целиот организам.

Гастроентеролошките проблеми се најчестиот производ на дигестивните проблеми, а болестите на органите за варење можат да варираат – од оние што лесно и брзо се лекуваат, до многу посериозни нарушувања и болести на органите за варење.

Освен болестите и нарушувањата на дигестивниот систем, предизвикани од лошото варење, постојат и други здравствени состојби на кои може да влијае варењето на храната, како што се психолошките, а се појавуваат и проблеми манифестирани на кожата. Проблемите со варењето, исто така се поврзуваат и со ослабен имунолошки систем и тенденцијата кон настинки и подложност на вируси.

Еден од начините да го спречите појавувањето на гастроентеролошките проблеми и воопшто на целосното здравје, е да ги смените навиките во исхраната односно  задолжително да внесувате пробиотици, кои имаат извонредно влијание врз здравјето на дигестивниот систем. Така со нормално варење на храната ќе стигнете до баланс на организмот.

Клинички е докажано дека редовното консумирање на јогуртот Баланс+ по 500 грама дневно, успешно го регулира варењето по само 10 дена консумирање. Овој јогурт содржи корисна, пробиотска формула, која помага при регулирање на варење, добри бактерии кои го поттикнуваат варењето и превенираат од појава на лошите бактерии во дигестивниот систем. Консумирањето на овој јогурт е навика која поволно ќе влијае врз здравјето на целиот организам.

Повеќе влакна, витамини и минерали, а помалку маснотии, јаглехидрати и брза храна, ќе направат голема промена, правилната исхрана и Баланс+ најмногу можат да придонесат за регулирање на дигестивниот систем и постигнување рамнотежа во целиот организам.

Пакувањето за Баланс+ од 1 кг од неодамна е и со подобрена амбалажа, така што сега е многу поедноставено и се отвора само со еден чекор. Освен тоа, заштитата на пакувањето е поставена под самото капаче со што јогуртот е целосно заштитен.