n Обновете го имунитетот за 15 минути - Balansplus.mk
Обновете го имунитетот за 15 минути
29/06/2016

Имате проблем со слаб имунитет? Професор доктор Сергеј Бубновски од Москва препорачува едноставен метод за појачување на имунитетот:

Секоја вечер кога ќе се вратите дома по напорниот работен ден, во када или леген додајте 10-15 сантиметри ладна ледена вода. Никако топла! Потоа влезете боси и тапкајте со стапалата по ледената вода околу 10-15 секунди.

Потоа избришете ги нозете со груба фротирка и обујте волнени чорапи. Тоа правете го секоја вечер и така значително ќе си го појачате имунитетот.

Ако имате груп, тоа е причина плус да се решите на овој чекор. Во тој случај, тапкајте со нозете по ледената вода на секои четири часа.