n Придобивки од пливањето во море - Balansplus.mk
balansplus
Придобивки од пливањето во море
21/08/2017

Општо познат факт е дека пливањето во море може да го подобри вашето здравје и расположение. Меѓу многуте придобивки, пливањето во морска вода може да помогне за подобрување на функцијата на имунолошкиот систем, подобрување на циркулацијата и да ја хидрира вашата кожа.

Имунолошки

Морската вода содржи витални елементи како витамини, минерални соли, аминокиселини и живи микроорганизми кои можат да создадат антибиотски и антибактериски ефект и кои помогаат во подобрувањето на имунитетот. Компонентите на морската вода се слични со плазмата на човечката крв и лесно се апсорбираат.

Циркулациски

Пливањето во солена вода може да ви помогне да ја подобрите циркулацијата на крвта во вашето тело со обновување на есенцијалните минерали кои организмот претходно ги потрошил поради лоша исхрана или стрес.

Благосостојба

Пливањето во топла морска вода, наводно, ги активира механизмите за лекување на телото и тоа почнуда да се бори против состојби како што се астма, артритис, бронхитис и воспалителни болести и други болки.