n Сите придобивки од функционалните јогурти - Balansplus.mk
Сите придобивки од функционалните јогурти
18/11/2020

Калциумот е еден од минералите без кои човечкото тело не би можело да функционира нормално. Речиси секоја клетка во телото го користи на некој начин.

Овој минерал е многу важен за забите и коските, ги регулира  мускулните функции, како што се контракции и релаксација, а исто така игра значајна улога во правилното функционирање на срцевиот мускул и згрутчување на крвта. Калциумот помага да се пренесат „пораки“ од кој било нерв до мозокот.

Без оглед на фактот што коските и забите се природни резерви на калциум, тој елемент сепак треба да се зема дополнително преку исхраната.

Доколку доволно калциум не помине низ крвта и ако не се апсорбира во дигестивниот тракт, се користат резервите од коските и забите со што осиромашуваат и може да доведе до развој на остеопороза. Еден од најдобрите извори на калциум е јогуртот кој денес се смета за незаобиколен дел од здравиот начин на исхрана.

Една чаша јогурт содржи 450mg калциум. Јогуртот, посебно функционалниот како што е Баланс+ е посебен извор на квалитетен калциум неопходен за организмот.

Со тоа Баланс+ покрај основната хранлива улога, го снабдува организмот и со овој толку потребен минерал, што му дава и дополнителна вредност за здрав организам за што е и вброен во функционалните производи.

Функционалноста на овој јогурт доаѓа од тоа што е и одличен извор на протеини и витамин Б12, содржи и пробиотици кои имаат корисен ефект врз дигестивниот тракт, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Токму затоа со само десетдневно редовно консумирање на Баланс+ јогуртот се забрзува метаболизмот и се решаваат проблемите со варењето, што е клинички докажано.

Одржувањето на уредна и балансирана цревна микро флора е клучно за здравиот дигестивен систем, затоа што бројни вирусни инфекции започнуваат токму од цревата, а за тоа најмногу помага функционалниот јогурт со пробиотик.