n Трчајте за да ги зачувате зглобовите - Balansplus.mk
Трчајте за да ги зачувате зглобовите
28/06/2016

Трчањето не ги уништува зглобовите, иако повеќето го мислат токму спротивното. Експертите велат дека оштетувањето на зглобната `рскавица настанува заради стареењето и преголемата телесна тежина.

Луѓето кои трчаат го намалуваат ризикот од остеоартритис, а на тој начин и ја подобруваат циркулацијата на кислород и исфрлањето токсини од телото, додека во исто време ги зајакнуваат лигаментите.

Трчањето се препорачува бидејќи:

– ги зајакнува нозете и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем

– согорува калории

– го намалува стресот

– помага во градење и зајакнување на коскената и зглобната структура

– ја зголемува брзината на базалниот метаболизам.

Коментари