n Вежби на песок за идеална фигура - Balansplus.mk
Вежби на песок за идеална фигура
25/08/2016

Летото е вистинско време за обликување на фигурата и затегнување на мускулите. Ако имате слободно време на плажа, посветете се на малку вежбање.

Затегнатите и силни мускули на стомачниот ѕид се клучни за обликување на фигурата и правилно држење на телото. За почетниците се препорачуваат најмалку 10 повторувања во три серии, прво за горните мускули, потоа за долните.

Клекнувања со чекор нанапред – нозете најубаво се вајаат со клекнувања. Таа вежба е најефикасна за јакнење на мускулите на нозете.

Истегнувања – природното опкружување и пријатниот морски воздух се супер услови за истегнување на мускулите. Ви го опуштаат телото и умот, а придонесуваат и за еластичност на мускулните влакна.

Коментари