n Зошто функционалните производи се подобри од обичните? - Balansplus.mk
Зошто функционалните производи се подобри од обичните?
Зошто функционалните производи се подобри од обичните?
13/05/2020

Функционалните напитоци имаат многу позитивни карактеристики, и се препорачуваат да се внесуваат често за подобрување на општото здравје.

Првично се задоволува потребата за внес на конкретниот производ, но во исто време правиме вистински избор за нашиот организам, односно внесуваме витамини и минерали кои придонесуваат за нашето здравје и имунитет.

Поради неправилната исхрана, стресот, земањето различни типови лекови (посебно антибиотици) и нездравите навики како пушење или прекумерна консумација алкохол, рамнотежата на цревната микрофлора и балансот во нашиот организам се често нарушени.

Што се функционални производи?

Во поново време сме сведоци на големата популарност на различни производи за секојдневна употреба, коишто во себе содржат, односно се збогатени со витамини, минерали и други нутриенти или додатоци. Такви се и функционалните води, млечните производи, производите збогатени со растителни влакна, пробиотиците.

Бројни здравствени истражувања ја докажале сигурноста и вредноста на функционалните производи што во себе содржат различни додатоци за придонес кон здрава исхрана, во релација со спречувањето и лечењето на многу болести.

Функционалните храни и пијалаци може да бидат од растително и животинско потекло, трајни или свежи. Концептот потекнува од Јапонија во 1980-тите години кога владините агенции започнале со одобрување на производство на храна со докажани придобивки во обид да го подобрат здравјето на општата популација. Од разни видови житарки, лебови, води за специфична намена, со алое вера, со Л карнитин, ацерола, до цереалите кои имаат зголемена количина диететски влакна.

Исто така и овесот, кој содржи вид растителни влакна наречени бета глукани, кои ги намалуваат разните воспалителни процеси во организмот, ја зајакнуваат имунолошката функција и го подобруваат здравјето на срцето.

Покрај овошјето и зеленчукот кои се природни актиоксиданти, листата на функционални храни и пијалаци ја предводат млечните производи, наменети за да се консумираат како дел од нормалната исхрана и кои содржат биолошки активни компоненти кои нудат потенцијал за засилено здравје или намален ризик од заболување.

Ова се дел од производите кои се достапни и на нашиот пазар и може да ги користите за преку исхрана да ја доведете својата цревна микрофлора во рамнотежа, бидејќи е нужна за здравје и виталност, или пак да го збогатите дневниот внес на витамини и минерали, потребни за одржување силен имунитет.

Што се пробиотици?

Најголема заслуга за откривањето на пробиотиците има рускиот биолог и нобеловец Илја Метчникоф. Тој открил дека народот кој живее на подрачјето Кавказ и секојдневно консумира големи количини јогурт и други ферментирани млечни производи е исклучително отпорен на болести и има долг животен век. Сигурно најпознат пробиотски функционален напиток ви е јогуртот, особено Баланс+.

Истражувањата покажале дека пробиотиците помагаат при ублажување на симптомите на преголема чувствителност на лактоза. Исто така, помагаат и при дијареја.

Таканаречените добри бактерии или пробиотици во цревата ја преработуваат храната, но и ги уништуваат штетните видови бактерии и вируси кои разгрануваат отрови во организмот.

Пробиотиците имаат големо влијание врз нашиот имунолошки систем. Помагаат при автоимуни и алергиски болести, превенција и лечење на кожни заболувања, превенција и лечење на уринарни инфекции, бактериски и габични инфекции, превенција при користење антибиотици.

Предностите одат дотаму што со примање пробиотици од функционална храна и постигнување баланс во организмот влијае на чувството за среќа и задоволство.

 

Една чаша јогурт на ден

Покрај ова може и одеднаш да внесете 10 витамини и секој од нив да има свој придонес за подобрување на вашиот имунолошки систем, со консумирањето на млекото и јогуртот од Битолска млекара, кои во себе содржат 10 витамини.

Еден е добар за коските, друг за видот, трет за косата, понатаму за забите, така што секој од витамините содржани во овие производи придонесува за вашето здравје, а со тоа ќе ја откриете и причината зошто денот треба да ви започне со чаша млеко или јогурт во комфорот на вашиот дом.

Сето тоа придонесува да се зголемат препораките за внесување функционални производи за повеќе старосни групи. Затоа што, потенцијалот на сите функционални производи со додадена здравствена корист е во тоа да ја спречат болеста, да промовираат здравје и подобрена грижа и нега, како и да ги намалат здравствените ризици.

Коментари