Појадок: Омлет во тортиља
Пропржете на малку маслиново масло по 2 лажици ситно исечкана зелена и црвена блага пиперка со кромид додека зеленчукот не омекне. Додадете 2 изматени јајца и пржете мешајќи. Добиениот омлет со зеленчук поделете го на две претходно загреани тортиљи и на двете одозгора изрендајте по 20 g козји кашкавал. Balans+ 250 g. Шолја црно кафе
Ручек: Грилуван лосос со киноа
50 g киноа ја вариме и тргаме на страна, грилуваме парче лосос и сервираме топло заедно со киноата. Комбинираме со салата со краставица и марула, маслиново масло, мелено ленено семе и лимонов сок.
Ужинка: Какао со стевија и 30 g бадеми
Вечера: Салата туна со спанаќ и маслинки
Добро измиен и исчистен спанаќ 200 g го сечкаме и додаваме процедена од маслото една мала туна од конзерва. Додаваме малку сол, маслиново масло, сусам и сечкани маслинки без коска и промешуваме добро. На крај додаваме лимонов сок и мешаме.
Автор: Александра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана