Кефирот како здрав напиток – идеален за губење телесна тежина
23/09/2022

Кефирот е препознаен како здрав млечен напиток кој овозможува бројни здравствени придобивки и важи за голем пријател во грижата за добар изглед. Доколку сакате и сте решени да ја намалите вашата телесна тежина, а во исто време да го сочувате, но и да го подобрите здравјето, најдобриот начин за тоа е веднаш да започнете да го консумирате кефирот во исхраната.

Постојат повеќе начини и диети за да го изгубите вишокот на килограми, но диетата со кефир е исклучително корисна затоа што ги внесувате потребните хранливи материи кои се неопходни за правилно функционирање на организмот.

Ако имате во план да изгубите неколку килограми за една седмица, тогаш диетата со кефир и јаболка е вашиот правилен избор. Оваа диета во текот на една седмица се состои од консумирање исклучиво кефир и јаболка во дневни количини до 1.5 литри и 1.5 килограми соодветно. Диетата со кефир и јаболка се смета за строга диета која е препорачана да ја држат здрави личности.

Новиот Баланс+ кефир од портфолиото на Бимилк е млечен пијалак кој содржи пет млечни култури и кефирни култури, потребни за човековиот организам. Пријатен е за консумирање, има благ вкус и кремаста структура и квалитет како дома подготвен. Со овој производ може да ја подобрите вашата дигестија, но и да го изгубите вишокот на килограми.

Коментари