Колку често треба да вежбаме во неделата?
29/09/2017

На пример, кога зборуваме за почетниците, секако дека е потребно тие да имаат помалку тренинзи во споредба со професионалците. Друг фактор е тој кој се однесува на типот на вежбање. Тренинзите главно се состојат од кардио-активности како што се велосипедизмот, пливањето, пешачењето, џогирањето, загревањето во затворени простории и тренинзите со кревање на тегови.

Доколку сакате ефективно да ја намалите телесната тежина потребно е:

– Да ја избегнете комфорт зоната со внесување дополнителни вежби и со различно ниво и интезитет на вежбите. Сменете ја фрекфенцијата и интервалите помеѓу кардио вежбите.

  • Вклучете посебна тренинг сесија со употреба на сопствената телесна тежина во вашиот неделен план за обука.
  • Никогаш не прескокнувајте ден за одмор и осигурајте се дека ќе се одморите од сите активности за фитнес најмалку еднаш неделно.

Во принцип, три до пет вежби неделно (или со други зборови, од три до пет часа физички вежби) имаат тенденција да дадат добри резултати. Почетниците, како и понапредните нивоа на фитнес, имаат најголема корист ако работат три до четири пати неделнo.