n Ден 20 - Balansplus.mk
Ден 20
14/04/2019

Појадок: Интегрални палачинки со боровинки

Подгответе 5 помали интегрални палачинки и врз нив ставете четвртина чашка боровинки и Balans+ кисело млеко. По појадокот испијте 1 голема шолја кафе

Ручек: Варен ослиќ со ориз и аспарагус

Сервирајте 150 g варени филети од ослиќ наросени со 2 лажици балсамико оцет. Додадете половина чашка сварен интегрален ориз, 10 гранчиња на пареа подготвен аспарагус. 1 шолја билен чај или вода.

Вечера: Салата со пилешко на скара

Измешајте во еден сад една лажица маслиново масло, половина лажица балсамико и една лажица ситно исечкан свеж босилек. Добиената смеса помешајте ја со 2 чашки мешан зеленчук за салата (марула, кељ, спанаќ, блитва и сл.), 100 g пилешко на скара, 5 помали моркови и 1 голем исечкан домат. Наросете со 30 g изрендан козји кашкавал.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари