n Ден 25 - Balansplus.mk
Ден 25
14/04/2019

Појадок: Овесна каша со семки

50 g овес во зрно го вариме 10 минути додека да омекне добро. Откако ќе се свари додаваме 2 супени лажици мелено ленено семе, 2 лажици ленено масло, 15 g семки од тиква, сусам и сончоглед и сето ова добро го промешуваме со 1 канче кисело млеко Balans+. 1 голема шолја кафе

Ручек: Јунешко со зеленчук

Mесото се сече на големи коцки и се пече од сите страни, додадете сол, зачини – мајчина душица, магдонос. Покријте и оставете на тивок оган околу половина час, додадете неколку големи глави исечкан лук. Од зеленчук се служи со модар патлиџан, тиквичка и пиперка.

Ужинка: 1 среден портокал и шолја зелен чај

Вечера: Мисиркино на кинески начин

Кинеската зелка или обична, околу 200 g пржете ја кратко во врело масло неколку минути, па додадете го мисиркиното месо 150 g, исечкано на лентички и динстајте и на крајот на готвењето додадете малку сиров сусам. На крај полијте со домашен прелив од маслиново масло, една мала лажичка мед, лимон и бибер.

АвторАлександра Пренџова (aleksandraleova@gmail.com) – Дипл.нутриционист и технолог по исхрана

Коментари