Ден 5
05/02/2018

Појадок:

Здрава чинија со гранола и бобинки

На 140 гр. Баланс+ Кисело млеко додадете четвртина чашка гранола со ниска масленост и по половина чашка јаготки и боровинки. Можат да се користат и замрзнати јаготки и боровинки или пак други видови на бобинки, по вкус. Наросете со 2 лажици исечкани бадеми и мелено ленено семе.

1 шолја кафе со 50 мл. Light млеко.

 

Ручек:

 

Туна со интегрални тестенини

Отворете и добро исцедете 100 грама туна. Измешајте една лажичка исечкан свеж ѓумбир, една лажичка оризов оцет, една лажичка масло од сусам и четвртина лажица соја сос. Добиениот прелив ставете го врз туната.

Сварете половина чаша интегрални тестенини и додадете ги претходно сварените листови кинеска зелка.

Изедете 10гр. суво грозје и напијте се 1 шолја чај од камилица.

 

Вечера:

 

Салата со пилешко на скара

Измешајте во еден сад една лажица маслиново масло, половина лажица балсамико и една лажица ситно исечкан свеж босилек. Добиената смеса помешајте ја со 2 чашки мешан зеленчук за салата (марула, кељ, спанаќ, блитва и сл.), 100 грама пилешко на скара, 5 помали моркови и 1 голем исечкан домат. Наросете со 30 изрендан козји кашкавал.

1 шолја чај од камилица.