n Пролетни вежби - Balansplus.mk
Пролетни вежби
24/03/2017

Пролетта е тука и време е да почнеме со вежби за загревање и будење на организмот 🙂

Вежба за загревање – На платформа висока околу 10 cm застанете со двете нозе рамномерно во ширина на колковите. Правете по 15 скокови наизменично на платформа и надвор од неа. Повторете ја серијата три пати.

Сквотови (Чучњеви) – Раширете ги нозете во ширина на колковите so рацете поставени покрај телото. Полека виткајте ги колената како да треба да седнете на стол, а рацете носете ги напред во висина на рамениците со цел да го држите исправен грбот. Повторете три пати по 15 серии.

Склекови – Застанете на колена, потпрете се со рацете напред во ширина на рамениците (може и на платформа) и полека вдишете додека се спуштате и издишете кога ќе се кревате назад.

Вежби за трицепс – Седнете пред платформата и ставете ги рацете позади вас. Подигајте се само со рацете 12 пати.

Чекори – Застанете со едната нога на платформа, а другата ставете ја позади вас. Спуштајте го телото со тоа што ќе ги задржите раменици во линија со колковите. Повторете по 12 пати за секоја нога.

Коментари